Што се крие зад победата на Путин на листата на Форбс?

Карикатура: Нијаз Карим

Карикатура: Нијаз Карим

Одлуката на американското уредништво на магазинот „Форбс“ рускиот претседател да се прогласи за највлијателен човек во 2013 година е резултат на цела низа причини.

Тешко е да се каже колку имаат право оние стручњаци што тврдеа дека причината за успехот на Путин е во тоа што рускиот претседател е најсамостојниот светски политичар. Сепак, таа самостојност, која не е поткрепена со реални резултати на меѓународната сцена, не може да донесе дивиденда каква што е првото место на рејтингот на највлијателни луѓе на светот.

Првото место за Путин е, пред сѐ, резултат на очигледната слабост на минатогодишниот лидер на листата – американскиот претседател Барак Обама. Во 2013 година Барак Обама влезе во непријатна ситуација за време на преговорите со Конгресот поврзани со кризата со буџетот и набргу предизвика дебакл на Америка, се најде во замката на не премногу успешните израелско-палестински преговори и не успеа да постигне ништо во врска со смирувањето на сириската криза. Москва, во исто време, го увери сирискиот претседател Башар ал Асад да се откаже од хемиското оружје и да го уништи под контрола на Обединетите нации. 

Успехот на Путин на рејтингот на Форбс можеме да го толкуваме не како победа на еден водач над друг туку како позитивна оцена што американското уредништво ѝ ја дало на руската надворешна политика, која се засновува на почитувањето на сувереното право на државите да имаат сопствено мислење за она што се случува во светот.

Своја улога веројатно одигра и фактот што другите кандидати за највлијателен политичар беа заслабнати или се занимаваа со решавање на внатрешните прашања. Германската канцеларка Ангела Меркел, која можеше да му биде силна конкуренција на Путин, изгуби значителен дел од политичката сезона на парламентарните избори. Нејзината партија победи, но излезе дека таа не е во состојба самата да формира влада. 

Вториот можен кандидат, Сји Џинпинг, кој стана претседател на Народна Република Кина во 2013 година, голем дел од политичката сезона се занимаваше со преуредување на државната машинерија и се наоѓаше во сенка, без да има никакви надворешнополитички иницијативи. 

На тој начин првото место за Путин е оправдано на фонот на слабеењето на неговите „противкандидати“. Сепак, Кремљ смета дека вештачкото скалило на шефови на држави според степенот на влијание на магазинот „Форбс“ им противречи на основните принципи на руската надворешна политика – создавање мултиполарен свет. 

Успехот на Путин на рејтингот на Форбс можеме да го толкуваме не како победа на еден водач над друг туку како позитивна оцена што американското уредништво ѝ ја дало на руската надворешна политика, која се засновува на почитувањето на сувереното право на државите да имаат сопствено мислење за она што се случува во светот. 

И пребегнатиот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, придонесе Путин да се најде на првото место. Неговите материјали, кои ја потресуваат работата на Националната агенција за безбедност на САД, ги разнишаа темелите на доверба во Америка, вклучувајќи ги и земјите-членки на НАТО. Документите што ги објави Сноуден принудија многу држави и многу меѓународни организации да ги обвинат САД за прислушување и за мешање во приватниот живот на граѓаните. 

Овој скандал несомнено го заслабна влијанието на Обама во светот и го принуди американскиот претседател јавно да признае дека работата на тајните служби не секогаш соодветствува со американските принципи. 

На овој фон надворешната и внатрешната политика на рускиот претседател изгледаше подоследна и поконструктивна. Поради тоа американското уредништво на магазинот „Форбс“ го прогласи Владимир Путин за најбеспрекорен кандидат во 2013 година од сите светски претседатели.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња