Путин и Европа: да се добие битката за имиџ

Карикатура: Аљона Репкина.

Карикатура: Аљона Репкина.

Веќе подолго време руските власти не посветуваат доволно внимание на рускиот имиџ во очите на европската јавност. Но, западноевропските масовни медиуми според веќе познатиот шаблон ја прикажуваат Русија и вестите за нејзиниот општествено-политички живот. Ова, од една страна, овозможува да се поедностави преносот на информации, а од друга мошне оперативно да се информираат европските гледачи и читатели.

Од гледна точка на содржината се најнесоодветна претстава за Русија може да се согледа во следниве тези: 

1. „Владимир Путин е диктатор кој е на чело на полициска држава.“ 

2. „Секое опозициско движење според својата дефиниција е демократско и тоа на Русија несомнено ќе ѝ донесе корист.“ 

3. „Секоја судска расправа против опозиционерите е пред сè хајка што ја прави актуелната власт, а објектот на хајката е пример за светост и честитост.“ 

Европскиот гледач не само што не добива целосна информација, туку ја добива онаа информација која во целост не одговара на стварноста. Да кажеме, разединетата опозиција западните медиуми ја претставуваат како единствена идеолошка платформа. Европеецот, кој црпи информација од медиумите, воопшто не се ни сомнева во тоа дека опозициското движење нема позитивна програма која би била поддржана од неговите претставници и дека поради разноликоста на опозицијата таквата програма воопшто не е возможна. 

Зошто рускиот пасош на Депардје ги налути неолибералите?
Депардје е еден од оние што не се плаши да каже што мисли. Тој навистина се гордее со дружбата со претседателот Путин, не обрнувајќи внимание на валканиците со кои го зацрнуваат новинарите и во Франција и во Русија

Политиката на руските власти во Чеченија е уште една тема која ја отвораат медиумите. Таа се изнесува како собир на воени злосторници, непрекинато насилство против угнетеното локално население кое бара излез од составот на Руската Федерација. Но, воопшто не се зборува за тоа дека барањето доаѓа од страна на воените екстремистички групи, а не од страна на цивилното население. 

За илустрација можеме да го наведеме документарниот филм за руските затвори кој неодамна се прикажуваше на каналот LCP („La Chaîne parlementaire“). Во филмот се повлекуваат паралели помеѓу затворските услови во современа Русија и во Гулагот. Во сведоштвата и коментарите постојано се повторуваат сеќавања од 1937 година, што на крајот резултира со изедначување на путиновата и на сталиновата власт. Ваквиот „документарен“ филм се емитува не еден од националните канали, без оглед на тоа што и според формата и според содржината е отворена пропаганда. 

Ваквиот пренос на информации се темели на две основни правила на современото новинарство: поедноставување, а понекогаш и вулгаризација на самата информација. Исто така, честопати се работи и за преовладување на националната информација над меѓународната. Првото се одразува во тоа што шаблоните им овозможуваат на медиумите на гледачот во голема мера да му ја поедностават информацијата. Примената на второто правило води до тоа што странската информација е често еднодимензионална. На тој начин руските власти претставуваат олицетворение на апсолутното зло. 

Изгубениот рај: Русите и новиот американски сон
Моите сограѓани ме сметаат доволно свој за да можам непречено да ја изразам својата критика кон Америка и доволно туѓ за да можам да одговарам за неа

Безусловно, со ова страда и имиџот на Владимир Путин и имиџот на Русија. Ова доведува до сосема чувствителни политички последици. За време на службените посети на претседателот или на руските високопоставени лица на европските држави работниот план задолжително вклучува разгледување на човековите права, состојбата во Чеченија, опозициското движење, состојбата на политичките затвореници, бидејќи службената позиција на Москва е често непозната за европскиот гледач. Резултатот од ова е ограничување на политичката и трговско-економската соработка со Русија, зашто која било соработка со „диктаторскиот режим“ негативно ќе се одрази на имиџот на европските лидери, со што ќе се намали нивниот изборен рејтинг. 

За Кремљ би било најкорисно да разработи доследна комуникациска стратегија за создавање поволен меѓународен имиџ на рускиот претседател и на државата. 

Под ваквата стратегија авторите во ниту еден случај не подразбираат пропаганда која би го опевала претседателот, таквиот метод во денешни услови би нанел само голема штета, а европските медиуми во најдобар случај само жестоко би критикувале. Токму спротивното. Руската власт мора да се сосредоточи на тоа како да осигури целосен пренос на информациите до европската јавност. Таа мора да ги објасни своите позиции во врска со клучните прашања за внатрешната и за надворешната политика. 

Секако, може и да продолжи да го игнорира фактот кој зборува дека сликата за Русија надвор од нејзините граници се влошува. Сепак, во тој случај ќе мора да се помири со тоа дека посетите на рускиот претседател на европските држави ќе поминува „незабележано“ и дека во медиумите ќе добиваат збор исклучиво претставниците на разединетата опозиција. 

Тома Геноле е политиколог, професор на Парискиот институт за политички науки. Катерина Рижакова е советник од областа на комуникологијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња