Западни медиуми: ЕУ повикува да се намали зависноста од нуклеарното гориво од Русија

Најголемиот испорачувач на нуклеарно гориво, јапонско-американската компанија Westinghouse, ја повикува ЕУ да воведе нови правила за конкуренција, пишува The Financial Times. Според мислењето на Westinghouse, таквата мерка е неопходна за да се избори Европската унија со зависноста од руското нуклеарно гориво.

Се забележува дека украинската криза го насочила вниманието кон ранливоста на ЕУ поврзана со испораките на руски гас, но во Westinghouse сметаат дека Брисел треба да реагира на аналогните ризици околу испораката на нуклеарното гориво во Источна Европа, се кажува во статијата.

Целосно зависни од Русија во овој случај се Унгарија, Словачка, Бугарија и Чешка, додава изданието. Најголем купувач на нуклеарно гориво во Источна Европа е Финска.

Како што изјави вицепретседателот на Westinghouse, Мајк Кирст, на Европа ѝ е потребен втор испорачувач во случај да се појават технички проблеми и политички санкции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња