Илустрација: Наталија Михајленко.
Веднаш да кажам: не поседувам никаква тајна информација за тоа што навистина стои зад неочекуваниот ултиматум на Европската група кон Кипар со барање да се воведе данок на депозитите, односно, да изврши делумна експропријација, за да може да добие европски кредит, без кој е невозможно да се спаси банкарскиот систем. А, тој систем, заедно со туристичката индустрија, ја составува економијата на Кипар.
Но, јас имам една хипотеза, која се разликува од поголемиот дел објаснувања.
На почетокот да кажеме нешто за објаснувањата во нашиот и во странскиот печат. Овој данок, велат, е насочен против рускиот офшор и против валканите пари. Можеби и не е делумно. Мислам дека поголемиот дел од тие пари се изнесени.
Друга работа е што ќе настрадаат штедачите чии средства останаа замрзнати и можно е сосема да „изгорат“. Но, во таа група не влегуваат само Руси. Има и многу Англичани, други Европејци, меѓу кои и Германци и Израелци.
Основната вина за кипарската криза лежи во Европската Унија и во еврорегулаторите, кои навреме не успеаја или не сакаа да го решат должничкиот проблем на островот.
Други експерти, меѓу кои и нашите раководители, велат дека предложената шема за решавање на проблемот на кредитоспособноста на кипарските банки преку делумна експропријација на средствата што се чуваат на сметките, не само што е апсурдна, туку е и неправедна, непрофесионална и опасна.
Нашиот најголем финансиски експерт Алексеј Кудрин уверува дека основната вина за кипарската криза лежи во Европската Унија и во еврорегулаторите, кои навреме не успеаја или не сакаа да го решат должничкиот проблем на островот.
Ќе се согласам со речиси сите заклучоци. Но, сепак, ќе се дрзнам да се посомневам во целосната непрофесионалност на раководителите на Европската група – управувачкиот комитет на Еврозоната, каде на првата виолина свират Германците.
Барањата за воведување „данок на депозитите“ се навистина апсурдни и не се професионални, доколку тие се насочени кон спасување на банкарскиот систем и на економијата на Кипар. Кога кипарските парламентарци се согласија за воведување вакви мерки, правејќи политичко харикири, банкарскиот систем на земјата стана осуден на пропаст. И причина за тоа е самиот ултиматум.
Банките се засновуваат на доверба. Кипраните се согласија на конфискациски данок, а тоа значи дека довербата кон кипарскиот банкарски систем е неповратно изгубена и не може да биде обновена во блиска перспектива, дури и ако Европа и ММФ им помогнат на кипарските банки.
И за тоа не можеле да не знаат финансистите од Европската група. Односно, излегува дека тие свесно го урнале системот, знаејќи притоа, дека на тој начин се нанесува репутациска штета и на целиот банкарски систем на Европската Унија, за што ќе треба да се плати со огромен одлив на средствата во други, пред сè азиски банки.
Да се ризикува стабилноста и репутацијата на целиот финансиски систем на Европа, неговиот кредибилитет, со десетина милијарди што ќе отидат, да се турка економијата на една земја членка на Европската Унија и на Еврозоната за да им се покаже кој е „фраерот“ на неколку илјади Руси и Англичани, па дури и на руски компании кои се поврзани со државата, е вистински апсурд. Така што ќе повторам: по сè изгледа не станува збор за Русија.
Доколку мојата хипотеза е правилна и ние имаме работа со свесен колапс на веќе банкротираниот кипарски банкарски систем, а тоа значи и на целата економија, тогаш се поставува прашањето зошто?
Ќе се дрзнам да претпоставам дека тоа е за на релативно помалку болен пример за цела Европа, но кој е катастрофален за Кипраните, да им се покаже на земјите од јужниот појас што може да се случи доколку тие се откажат од режимот на цврста економија и де-факто од надворешното финансиско управување.
Колапсот на Кипар може да биде насочен или на истуркување на дел од земјите надвор од Еврозоната или преку демонстрацијата со пример да добијат согласност од јужните земји да играат според правилата кои се предлагаат однадвор.
Кипар е остров со вкупно осумстотини илјади жители. Тој не е Грција, каде експлозијата ѝ се заканува на политичката стабилност на целиот Балкан. Уште повеќе, Кипар не е ниту Италија, ниту Шпанија. А, доколку, а тоа е многу веројатно, Кипраните на ултиматумот и на воведувањето де-факто надворешно управување, кои ним исто така ништо добро не им носи, не одговорат позитивно, тогаш се подготвува отстранување на Кипар, а потоа, можеби, и на други земји од Еврозоната.
На тој начин, колапсот на Кипар може да биде насочен или на истуркување на дел од земјите надвор од Еврозоната или преку демонстрацијата со пример да добијат согласност од јужните земји да играат според правилата кои се предлагаат однадвор.
Покренувајќи ја оваа хипотеза, не се стремам кон тоа да ја обвинам Германија и земјите што се групираат околу неа за бездушен империјализам. Тоа може да биде почеток на жестока борба за зачувување на Европа. А таа треба да се спаси. Кога би бил на местото на Германците, јас би направил токму така.
Сега малку за нашата политика. Не треба да се лутиме. Доколку тие се консултираа со нас и со другите Европејци, тогаш изненадувања и какви и да се надежи за понатамошно управување со кризата немаше да има.
Треба ли да го откупуваме Кипар? Или неговите банки?
Доколку им пречиме на Германците ние ништо нема да добиеме, само уште повеќе ќе изгубиме. Едностраното кредитирање или откупување на банкарските активи ќе биде само неразумно трошење пари. Тие нема да им помогнат на Кипраните.
Сергеј Караганов е почесен претседателот на президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика.
Статијата за првпат беше објавена во печатениот додаток „Руска реч на македонски“ во дневниот весник „Нова Македонија“ од 13 април 2013 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче