Вундеркиндот Руслан за кој зборува цела Русија и понатаму поставува рекорди

Образование
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Московјанинот Руслан Салимгареев, кој на таканаречениот Единствен државен испит (ЕГЭ) за средношколци во Русија оваа година собра максимални 400 поени (по 100 на секој од четирите испити), освои и максимални 100 поени на приемниот испит на Московскиот државен универзитет, стои на сајтот на приемната комисија на Факултетот за биоинженеринг и биоинформатика.

Скромниот Руслан претходно изјави дека и самиот се чуди како можел да ги реши сите задачи на Единствениот државен испит.

Прочитајте повеќе: Путин ги повика учениците да бидат подобри од странските врсници