Русија го зазеде петтото место на ранг-листата на најдобри европски земји за студирање

Getty Images
Истражувањето Study.EU Country Ranking опфаќа 30 европски земји и ги рангира врз основа на тоа колку се атрактивни за странски студенти.

Русија го зазеде петтото место на ранг-листата на најдобри европски земји кога станува збор за квалитетот на образованието, трошоците за живот и шансите за наоѓање работа во земјата по дипломирањето. Резултатите од неодамна објавената студија Study.EU Country Ranking 2018 покажуваат дека Русија во моментов заостанува во тој поглед единствено зад Холандија, Франција, Велика Британија и Германија.

„Влегувањето на Русија меѓу првите пет е резултат на нејзините континуирани напори со цел секторот за високо образование да го прилагоди на меѓународните стандарди. Сѐ повеќе студенти гледаат во Русија вредна алтернатива на другите дестинации за студирање“, изјави Герит Бруно Блос, директор на студијата.

Во однос на минатата година Русија напредуваше за една позиција.  студије. Study.EU Country Ranking го врши рангирањето врз основа на специфичните потреби на студентите кои бараат висок квалитет, достапност и економска пристапност на образованието во странство.

Прочитајте повеќе: Пет чекори за бесплатно студирање во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња