Путин на Младинскиот форум.
Kremlin.ruПутин потсети дека во светот има земји со многу поголем број на население од Русија Новите генерации во Русија, меѓутоа, би требало, според него, да бидат подобри од своите претходници и да ги надминат своите врсници во странство. Тој додаде дека не треба да се повторуваат постојните достигнувања, туку да се работи многу подобро.
„Треба да се направи квалитетен исчекор“, нагласи Путин.
Шефот на руската држава истакна дека Русија постои повеќе од илјада години и дека не сите земји и сите народи биле во можност да го поминат тој тест на времето.
„Во текот на тие илјада години нашите предци и генерациите кои живееле пред нас презедоа огромни напори нашата земја да стане толку моќна и голема сила како што е денес“, нагласи рускиот претседател.
Според него, мислењето дека идните генерации се подобри од претходните е точно.
„Тоа е сосем природно, затоа што новите генерации доаѓаат на она што претходните веќе го создале. Знаењата станаа пошироки и повеќе продлабочени, техниката посложена и поинтересна, а тоа создава можности за исчекор. Вашата задача е да направите суштински нов исчекор“, додаде тој.
Отворениот час „Русија насочена кон иднината“ во Јарослављ е одржан во рамките на професионалниот форум за навигација „Проекторија“, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче