Подводен робот.
Јуриј Машков/ТАССМакетата, која првпат беше презентирана на манифестацијата, ќе може да се движи по површината на водата и да нурка во мали длабочини дури и во случај на силно бранување.
Според податоците на Центарот, извршено е испитување на надворешниот облик на роботот-тримаран и сите неопходни теоретски пресметки за формирање на тактичко-техничките карактериистики на идниот поморски беспилотен апарат, пренесува „Взгљад“.
Вкупниот депласман на „Тењ“ може да достигнува 140 тони, а сите површини се направени според „стелт“ технологијата, што го прави тримаранот незабележлив. Предвидената автономна работа ќе изнесува до 90 дена, при поминато растојание од 13 илјади морски милји. Се предвидува тримаранот да биде опремен со електрохемиски акумулатори.
Претходно беше соопштено дека руските нуклеарни подморници ќе бидат опремени со подводни беспилотни роботизирани системи „Фугу“ кои не само што ефикасно ќе ги пренесат сигналите за борбено управување на стратешките и ракетните подморници, туку и ќе ги информираат екипажите за условите за пловидба на подрачјето на борбеното патролирање.
Исто така беше соопштено дека микророботи со маса од 8-10 килограми кои ќе можат да бидат пуштани под мразот на Арктикот веќе ги минуваат првите испитувања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче