Борбениот робот „Нерехта“ претставен на „Армија-2017“

Руски борбен робот „Нерехта“.

Руски борбен робот „Нерехта“.

Press Photo
Рускиот борбен робот „Нерехта“ беше претставен првпат пред странските посетители на Меѓународниот воен технички форум „Армија-2017“.

„Во текот на демонстрацијата на можностите на најновата руска воена техника првпат пред странски набљудувачи беше спроведена показна борба меѓу роботот „Нерехта“, тенк Т-90 и борбено пешадиско возило (БМП K-17)“, соопшти прес-центарот на форумот.

Борбениот робот „Нерехта“ е дизајниран од Рускиот фонд за перспективни истражувања во партнерство со фабриката „Дегтјарев“ и е наменет за борба против оклопна техника.

Роботот има три модули: борбен, транспортен и за артилериско извидување. Борбениот модул во различни варијанти ќе биде вооружен со тешки митралези „Корд“ или „Калашников“.

Модулот може да биде опремен и со автоматски минофрлач АГ-30М и противотенковски ракетен систем, пренесува „Рамблер“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња