Песков: Путин и Меркел не разговараа за санкциите

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја коментираше денешната средба меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и канцеларката на Германија Ангела Меркел.

Разговорот меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и канцеларката на Германија Ангела Меркел беше плодотворен, изјави портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков. Ова тој го изјави во програмата на телевизијата  „Русија 1“.

„Беше тоа многу конструктивна, многу отворена размена на мислења и дискусија за тековните проблеми – меѓународни и регионални. Немаше никакви поуки“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така истакна дека економските рестрикции не биле дискутирани во текот на разговорот.

„Путин не го постави прашањето за санкциите, нема да го постави и во повеќе наврати има кажано дека тоа не е прашање на неговата агенда“, потенцираше Песков, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња