RT: Кому му одговара дестабилизација на ситуацијата во Македонија?

По неодамнешните настани во македонското Собрание, RT се обиде да разјасни кои сили ѝ пречат на Македонија да дојде до национална хармонија.

Докторот на политички науки и професор на МГИМО Елена Пономарјова во разговор со RT ги нарече настаните во Собранието на Македонија „логичен развој на политичката криза која трае од 2001 година“.

Според неа, влегувањето во Собранието од страна на националистите е природна реакција на Македонците на растот на влијанието на албанското малцинство.

„Во реалноста, бројот на Албанците во Македонија може да надминува 30%. Не случајно тие ги блокираат обидите да се спроведе попис. Патронат на опозицијата има како од Албанија, така и од Европската Унија. Во Македонија треба да се случи сериозен удар врз правата на самите Македонци“, констатира Пономарјова.

Експертот е убедена дека на Балканот се реализира стратегијата за обединување на албанскиот народ во една држава. Новата творба ќе се состои од Албанија, Косово и регионите на Македонија каде што живеат претежно Албанците.

„Македонија во оваа стратегија е најслабата алка. Земјата нема борбено способна армија, па дури и името (станува збор за оспорувањето на Грција на правото на Македонија да се вика така - RT). „Албанизацијата“ на Балканот ја поддржуваат европските претставниците, веројатно, сметајќи ги муслиманите како фактор за спротивставување на Србија и во целина на словенската православна култура“, истакнува Пономарјова.

Македонците се принудени да ја бранат својата позиција. Но, главните битки, според експертот, допрва претстојат.

„Многу нешта зависат од решителноста на претседателот. Врз Иванов ќе се врши џиновски притисок како од надворешните, така и од внатрешните сили, вклучувајќи ја и десницата. Мислам дека како резултат ќе биде прифатено компромисно решение за федерализација на Македонија“, изјави Пономарјова.

Директорот на Балканскиот центар за научна и техничка соработка Олег Ѕиза се согласува со мислењето на колешката. Експертот смета дека Западот е заинтересиран за дестабилизација на Македонија со која, како што сметаат западните политичари, управува „погрешен човек“.

„Последниве години се интензивира влијанието на сите видови албански структури, што на крајот на краиштата ќе доведе до распаѓање на Македонија. Зошто е тоа потребно? Гледаме опонирање на Русија: ако некој од лидерите лојално се однесува спрема Москва, тоа предизвикува незадоволство. Оваа политика е јасна и недвосмислена“, заклучува Ѕиза.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња