„Гардијан“: Во Сирија децата ги крстат Путин и градат руско училиште

Жителите на Сирија почнаа да ги крстат бебињата во чест на рускиот претседател. На тој начин, соопштува британскиот весник „Гардијан“ повикувајќи се на амбасадорот на Сирија во Москва, жителите на земјата му се заблагодаруваат на Путин за поддршката на Башар Асад.

Сириските семејства ги крстат своите деца со името Путин за да му се заблагодарат на рускиот претседател за поддршката на Башар Асад, пишува британскиот весник „Гардијан“ повикувајќи се на амбасадорот на Сирија во Москва Ријад Хадад. Покрај тоа, сирискиот лидер исто така го направи рускиот втор јазик во Сирија и без надомест даде земјишна парцела во близина на Дамаск за изградба на руско училиште.

„Одлуката на Асад рускиот да стане втор јазик во земјата е знак на благодарност до рускиот народ за неговата поддршка на Сиријците. Исто така, како знак на таа благодарност многу семејства ги крстат своите синови Путин“, ги цитира весникот зборовите на амбасадорот.

„Да се крстат децата во чест на победниците и хероите од војната не е нешто ново. Притоа имињата понекогаш се мошне необични. Порано советските семејства, трудејќи се да им угодат на властите, со задоволство им даваа на децата имиња како Владилен, што значеше„Владимир Илич Ленин“, или Рем – во чест на „револуцијата светска“ (революция мировая), пишува весникот, пренесува RT.
 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња