Кремљ реагира на одлуката на ЕСЧП за терористичкиот напад вo Беслан

Кремљ не се согласуваа со одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), со која се обврзува Русија да им исплати компензација на тужителите во случајот со терористички акт во Беслан, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Портпаролот на Кремљ ги нарече апсолутно неприфатливи формулациите на судот според кои Русија не направила доволно за да се спречи терористичкиот напад и минимизираат загубите меѓу заложниците.

„Несомнено, за нас е невозможно да се согласиме со таквата формулација, за една земја многупати беше подложена на напади од терористите“, потенцира Песков, пренесува РИА „Новости“.

Истовремено тој призна дека емоционалните пресуди во овој случај се неумесни и дека своја оценка треба да дадат адвокатите. Тој увери дека властите ќе ги преземат сите неопходни правни дејства во врска со одлуката на ЕСЧП.

Во четвртокот Европскиот суд за човекови права нареди да им се исплатат на тужителите во случајот со терористичкиот напад 2,955 милиони евра како нематеријална штета, а уште 88 илјади евра треба да добијат адвокатите што ги бранеа интересите на тужителите.

Тужби во судот беа поднесени во 2007-2011 година од 409 државјани на Русија кои сметаат дека властите не спровеле „ефикасна истрага“ за терористичкиот напад во Беслан. Во јули 2015 година судот ја прогласи тужбата за прифатлива.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња