Властите на Русија ќе се трудат да не дозволат обоени револуции како во земјата, така и во државите на ОДКБ, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.
„Ги знаеме разните теории кои се реализираат во разни региони на светот, кои доведуваат до сериозна дестабилизација во тие региони. Се разбира, не треба да дозволиме ништо слично и на секој начин ќе се трудиме на соодветен начин да се однесуваме во Русија и на секој начин да ги поддржуваме нашите партнери во ОДКБ“, изјави Путин во интервју за телевизијата „Мир“.
„Обоените револуции“ се општ назив за процесите на промена на власта, како што се „револуцијата на розите“ во Грузија, „лале-револуцијата“ во Киргистан, „портокаловата“ во Украина, „јасминовата“ во Тунис и „лотосовата“ во Египет.
Како по правило, тие почнуваат со мирни митинзи и се прелеваат во жестоки судири надвор од рамките на законските рамки. Целта на таквите дејствија, во најголем дел испровоцирани однадвор“, е промена на раководството на државата, пишува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче