Путин: се подготвуваат провокации со хемиско оружје во Сирија

Претседателот на Русија Владимир Путин побара од ООН да спроведе истрага за инцидентот со хемиското оружје во сириската провинција Идлиб.

Русија има информација дека напади со примена на хемиско оружје, како оној што се случи во Идлиб, можат да се подготвуваат и во други реони на Сирија, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

„Имаме информација од различни извори дека такви провокации, поинаку не можам да го наречам тоа, се подготвуваат и во други региони во Сирија, вклучително и во јужните предградија на Дамаск, каде се подготвуваат повторно да фрлат некаква супстанција и да ги обвинат за нејзината примена официјалните сириски власти“, изјави Путин на прес-конференцијата по преговорите со претседателот на Италија Серџо Матарела.

Претседателот на РФ исто така изјави дека ситуацијата со нападот со хемиско оружје во Сирија потсетува на настаните од 2003 година, кога САД покажаа хемиско оружје наводно откриено во Ирак.

„Го дискутиравме тоа со господинот претседател и јас реков дека тоа мене силно ме потсетува на настаните од 2003 година, кога претставниците на САД во Советот за безбедност покажуваа наводно хемиско оружје откриено во Ирак. Откако почна кампањата во Ирак, воената, а заврши со рушење на земјата, пораст на терористичката закана и појавата на ИД на меѓународната сцена“, изјави Путин.

Рускиот лидер истакна дека Москва има намера да побара од структурите на ООН истрага на инцидентот со хемиското оружје во сириската провинција Идлиб.

„Сметаме дека секоја манифестација од таков вид треба детално да се истражи. Имаме намера официјално да се обратиме до соодветната структура на ООН во Хаг и да ја повикаме меѓународната заедница детално да ги истражи овие манифестации“, изјави Путин, одговарајќи на прашањето на „Интерфакс“ за ситуацијата во Сирија и заканите за нови напади од САД.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња