Трамп размислува да воведе санкции против Русија поради Сирија

Претседателот на САД Доналд Трамп ја разгледува со членовите на неговата администрација можноста за воведување нови санкции против Русија и Иран поради поддршката на Сирија, изјави постојаната претставничка на САД во ООН Ники Хејли.

„Ние (администрацијата на САД) ќе го разгледуваме тоа и веќе почнавме да го разгледуваме“, изјави Хејли во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, одговарајќи на прашањето „дали претседателот сака пожестоки санкции против Русија и Иран“.

Таа, исто така, одговори на прашањето, дали САД имаат докази за инволвираноста на Дамаск во нападот со хемиско оружје во Идлиб. Според Хејли, администрацијата дошла до заклучок за вината на сириските власти врз основа на тајни материјали.

„Ни покажаа докази, претседателот ги виде доказите. Сите тие, се разбира, се тајни, и јас сум сигурна дека кога ќе можат да ги декласифицираат, тие тоа ќе го сторат“, изјави дипломатот.

Според неа, директорот на ЦИА Мајк Помпео ги споделил „доказите и информациите што ги има“ со меѓународните партнери, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња