„Русија 24“: САД уништија 9 сириски авиони

Репортерската екипа на ВГТРК во која е и воениот кореспондент Евгениј Поддубни, објави репортажа за последиците од американскиот ракетен напад врз сириската воздухопловна база Шајрат во провинцијата Хомс, во која загинаа седум луѓе.

Видеото го објави телевизијата „Русија 24“.

Поддубни исто така објави снимка од штетата во сириската база на својот „Инстаграм“ профил.

На својот „Твитер“ Поддубни соопшти дека не се уништени сите авиони во базата Шајрат. Според неговите информации, во хангарите изгореле девет авиони. Исто така, според информациите на кореспондентот, пистата во базата не е оштетена, туку на неа има само шрапнели.

Претходно беше соопштено дека се уништени сите авиони во базата Шајрат, пренесува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња