Објавеното во медиумите писмо на Европската комисија до министрите за енергетика на Шведска и Данска го означува „крајот на дамнешниот спор за тоа можат ли стравовите од политичка природа во ЕУ да бидат префрлени на рамниште на поднесување тужба против изградбата на „Северен тек 2“, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
Според претставникот на Европската комисија Ана-Кајса Итконен, „комисијата нема правна основа за да се противи на „Северен тек 2“, затоа што правилата на ЕУ не важат за поморскиот дел на гасоводот“.
Како што истакнува изданието, Европската комисија ќе се стреми да добие од членките на ЕУ согласност за „истапување како посредник при склучувањето на зделката со Русија, која ќе го дефинира правниот режим за „Северен тек 2“ и ќе го усклади со приоритетите на Брисел“.
Говорејќи за гасоводот, изданието истакнува дека реализацијата на проектот ѝ овозможува на Русија да ја намали зависноста од „зафатената со насилство и нестабилност“ Украина во однос на транзитот на гасот.
Претходно ЕК потврди дека е невозможно да се примени третиот енергетски пакет врз „Северен тек 2“, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче