Путин ја објасни причината за нападите врз Русија во САД

За негативниот однос спрема Москва во САД придонесуваат политичарите, кои сметаат дека на тој начин ќе го засилат своето влијание во земјата, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на Арктичкиот форум во Архангелск.

„Антируската карта се игра во интерес на одделни политички сили внатре во САД со цел да ги издигнат, да ги закрепнат своите сопствени позиции внатре во Соединетите Држави“, изјави Путин, пренесува „Лента.ру“.

Притоа тој потенцираше дека Русија се однесува спрема САД „како спрема суперсила со која сакаме да воспоставиме многу добри партнерски односи“. „Сето останато се лага и измислици против Русија, и провокации. Сето тоа се користи за внатрешнополитичката американска агенда“, рече Путин.

Шефот на руската држава исто така истакна дека Москва и Вашингтон имаат добри примери за соработка во освојувањето на Арктикот, кои предвидуваат „огромни перспективи“ за двете земји и целиот свет.

„Се надевам дека ќе излеземе на таквиот пат со билатерално движење и ќе ги подобруваме руско-американските односи за доброто на нашите народи и на целиот свет“, заклучи рускиот лидер.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња