„Читајте од усни“ - Путин за влијанието на Русија врз изборите во САД

Претседателот на Русија Владимир Путин, одговарајќи на прашањето дали Русија влијаела врз резултатите од претседателските избори во САД, предложи одговорот да го прочитаат од неговите усни.

 

„Читајте од усни – NO“, изјави Путин на форумот „Арктикот – територија на дијалог“, пренесува РИА „Новости“.

Обидите да се расипат дипломатските односи меѓу Русија и САД се неодговорни и погрешни, истакна Путин. „Ние сакаме целосно да ги раскинеме дипломатските односи? Да ја донесеме ситуацијата како во 60-тите години, пред Кубанската криза? А што потоа?“, изјави рускиот претседател, изразувајќи уверување дека тоа „не е во интерес на мнозинството од американскиот народ“.

Русија, потенцираше Путин, се однесува спрема САД како спрема суперсила со која сака да се воспостави партнерски односи, а „не да војува“. Тој изрази надеж дека Москва и Вашингтон ќе успеат да воспостават соработка по прашањата за решавање на конфликтите во Сирија и Украина, како и на Арктикот и во вселената.

Путин, исто така, ги нарече лажни тврдењата за „шпионските“ состаноци на рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак. „Секоја негова средба се дочекува на нож како некаква шпионски акција. Зарем тоа не се глупости?“, забележа тој, додавајќи дека комуникацијата со политичката елита, бизнисмените, конгресмените и претставниците на Белата куќа е „глобална дипломатска практика“.

Како пример шефот на руската држава го наведе присуството на форумот на амбасадорот на САД во Русија Џон Тефт. „Тој комуницира со сите учесници. Може да комуницира со членовите на Владата, претставниците на големите руски компании. Ние не го попречуваме тоа, туку напротив, придонесуваме, помагаме“, изјави Путин.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња