НАТО бара „Руси“ за статисти на своите воени вежби

Северноатлантската алијанса за реализација на претстојните воени вежби во Германија бара статисти кои ќе имитираат „Руси“.

НАТО бара за своите воени вежби во Баварија статисти кои ќе ги имитираат Русите, пишува во четвртокот „Комерсант“, повикувајќи се на сајтот на германската агенција за вработување Optronic HR GmbH, каде се објавени соодветните огласи.

На заинтересираните им се ветува дневница од 88-120 евра. Од нив се бара задолжително познавање на англиски и германски јазик, владеење со руски, чешки или полски се смета за предност. Нивната задача е да имитираат цивили, на пример, фармери или сопственици на продавници. Кандидатите треба да бидат способни за работа под стрес, да бидат флексибилни и способни за тимска работа.

Секој од статистите ќе носи елек со сензори кои ќе помогнат да се определи колку човекот ќе „настрада“ во текот на учебните борбени дејствија. На сајтот на агенцијата се потенцира дека војниците ќе користат реплики на автоматски пушки и маневарска муниција.

На полигонот Хоенфелс, каде ќе се одржуваат маневрите, изградени се 10 села, за секое од нив се потребни од 30 до 100 статисти. Во текот на сите воени вежби тие ќе живеат на територијата на полигонот, а исто така ќе им биде забрането да го напуштат и да користат какви било електронски уреди. Особено се потенцира дека е забранета употреба на алкохолни пијалаци.

Не се прецизира за какво имено сценарио на НАТО му се потребни „Руси“, пренесува „Интерфакс“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.