Во февруари вредноста на потрошувачката кошничка во ЕУ се зголемила за 0,3% од претходниот месец, додека порастот на цените во Русија изнесувал 0,2%, велат податоците на руската агенција за статистика „Росстат“.
Цените на прехранбените производи во Русија во февруари се зголемиле за 0,2% наспроти 0,9% во ЕУ. Од почетокот на годината продуктите во Русија поскапеле за 1,2%, а во ЕУ - за 1.8%.
Најзабележителен во февруари е порастот на цените на овошјето и зеленчукот – за 5,8% во ЕУ и за 1% во Русија. Во многу европски земји, исто така, поскапело маслото, пекарските производи, млечните производи, јајцата и сирењето, додека цените на рибата и морската храна, шеќерот, медот, џемот, чоколадото и слатките се намалиле, пренесува „Газета.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче