„Според зборовите на очевидците, во центарот на престолнината на Велика Британија има настрадани, ранети. Според информациите на други извори, исто така се случил инцидент кога автомобил со полна брзина удрил неколку луѓе, јасно е дека акцијата била намерна“, изјави Захарова за телевизијата „Русија 24“.
Претходно Захарова изјави дека амбасадата на Русија во Велика Британија контактирала со властите околу ситуацијата во Лондон.
Претходно беше соопштено дека автомобил удрил во луѓе на мостот Вестминстер во Лондон. Покрај тоа, пред парламентот на Велика Британија во Лондон се случи престрелка во која неколку лица беа ранети, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче