Министрите за одбрана на САД и Финска разговараа за „руската агресија“

Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис во вторникот имаше преговори со својот фински колега Јуси Ниинисте во Вашингтон во текот на кои разговараа за „руската агресија“.

На средбата во Пентагон страните дискутираа за низа прашања, меѓу кои и „руската агресија“, односите на Хелсинки со НАТО, како и за билатералната соработка во сферата на безбедноста, се вели на сајтот на америнскиот одбранбен ресор.

Матис во својата воведна реч истакна дека северната местоположба на Финска и нејзината историја ќе му помогнат на Вашигтон „да ја прецизира својата позиција, како и да го продлабочи разбирањето на ситуацијата која претставува нов предизвик за стабилноста“. 

Владата на Финска потенцира дека Русија не претставува директна закана за земјата, а раководството на РФ не покажува никакви знаци кои сведочат за желба за мешање во внатрешните работи на Финска, пишува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња