Што може да очекува Русија од идниот шеф на Пентагон?

ZUMA Press/Global Look Press
Конгресот на САД ја одобри кандидатурата на 66-годишниот Џејмс Матис со прекарот „лудо куче“.

За време на својата служба генерал Матис, кој го добил прекарот „лудо куче“, веќе има настапувано со остри критики за Русија. Тој повикуваше на спротивставување на Русија во областите во кои страните не можат да воспостават соработка. Путин „се обидува да го уништи Северноатлантскиот сојуз“, рече тој, и додаде „САД треба да преземат чекори за да се заштитиме каде што треба“. Од друга страна, тој го поддржа избраниот претседател на САД Доналд Трамп во одлуката да ги нормализира односите со Русија.

За Техеран и Пекинг тоа нема да биде добро

Политикологот-американист Виктор Олевич става акцент на тоа дека Матис доаѓа од оној дел на американската воена команда, која традиционално е поставена негативно кон Иран. „Тој служел во единицата на маринците на САД, а во американската војска генералитетот на маринците зазема најизразени антиирански позиции. Така е од времето на експлозиите во касарните на маринците во Либан во 1983 година, за кои се сомневаа дека се дело на групата „Хезболах“ со поддршка на Иран. Американските маринци тогаш срамно избегаа од Либан и оттогаш командата бара традиционално повод за реванш“, вели експертот.

Покрај тоа, според Олевич Кина исто така треба да очекува тврда политика. „Првиот предвесник на тоа изострување стана неодамнешниот телефонски разговор помеѓу Доналд Трамп и шефот на Тајван, претседателот Цај Ингвен, а исто така и назначувањето за нов трговски претставник на САД на авторот на книгата со недвосмислен наслов 'Смрт од Кина' Питер Наваро", појасни тој.

Антииранските и антикинеските расположенија во администрацијата на Трамп ќе влијаат на иднината на руско-американските односи според Олевич. „И Техеран, и Пекинг се стратешки партнери на Русија. Може да се очекува дека новата американска администрација ќе поставува пред Русија како услов за подобрување на односите со САД заладување на односите со Иран и со Кин“, прогнозира американистот.

„Многу се надевам дека Матис не е политичар“

Политикологот-американист Борис Межуев, пак, истакна дека Матис како политичка фигура многу сомнително ја засилува екипата на Трамп. „Можеме да се надеваме дека го избрале на функцијата министер за одбрана како воено лице, а не како политичар. Тој е прилично типичен претставник, за она што во советско време се нарекуваше военштина на САД“, вели експертот за „Взгљад“. Межуев истакна дека одамна на должноста шеф на Пентагон не било назначено воено лице.

„Традиционално, долго време Министерството беше раководено од цивили, а воените лица го водеа Комитетот на началниците. Трамп одлучи да стави крај на оваа традиција. Патем, токму цивилните лидери на Министерството за одбрана, по правило, предизвикуваа нови војни“, потсети американистот . Иако, додава Межуев, и Матис засега не се пројавувал како мирољубив човек, ами обратно.

Експертот исто така се надева дека воено лице на должноста шеф на американското воено министерство ќе биде слаба политичка фигура и ќе изгледа послаб од шефот на Стејт департментот Рекс Тилерсон.

При сето тоа, истакна Межуев, веќе е јасно дека администрацијата на Трамп за Русија ќе биде многу тешка. Важното е, според него, дека нашата земја сега треба да се воздржи од вклучување во модификација на светот заедно со САД и да ги штити националните интереси. „Односите со Америка во улогата на глобални пријатели можат да ја чини многу скапо на нашата земја - антииранските, антикинеските и антилатиноамериканските расположенија во администрацијата на Трамп се многу силни. Се сомневам дека разумни луѓе, како Рекс Тилерсон ќе успеат да ги одврати овие расположенија. А, планирањето на светската иднина со таква администрација тешко е можно. Ние треба да ги заштитиме нашите интереси“, појасни тој.

Текстот на руски јазик на сајтот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња