Плевнелиев: Русија се меша во внатрешните работи на Бугарија

Поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев смета дека има доволно причини да се смета дека бугарските партии се финансираат од Турција и Русија.

Бившиот бугарски претседател Росен Плевнелиев тврди дека Русија финансира политички партии и се меша во внатрешни работи на Бугарија.

„Има доволно основи да се смета дека бугарските партии се финансираат од Турција, но има и многу такви кои се финансираат од Русија. Додека зборуваме дека Турција се меша во нашите внатрешни работи, да не заборавиме дека и други држави го прават тоа“, изјави Плевнелиев во интервју за телевизијата „БТВ“.

„Тука не станува збор само за Турција, тука е и прашањето за Русија, јас ќе бидам задоволен доколку бугарскиот претседател (Румен Радев) би укажал и на тоа. За мене е повеќе од јасно дека Русија се обидува на секој начин да ја дестабилизира и раздели Европската унија“, смета тој.

Поранешниот шеф на бугарската држава ја коментираше иницијативата на Радев да го покани на прославата на 140-годишнината од ослободувањето на Бугарија во Руско-турската војна 1877-1878 година рускиот претседател Владимир Путин. „Секоја посета на рускиот претседател е проблематична и Бугарија треба да ги оцени нејзините добрите и лоши страни, внимателно да размисли како и под кои услови да го покани“, смета Плевнелиев. Тој му препорачува на Радев да ја преиспита својата позиција во однос на антируските санкции и присоединувањето на Крим кон Русија, пренесува ТАСС.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња