Плевнелиев го советува Радев да размисли за ставот за Крим

Новоизбраниот претседател на Бугарија Румен Радев треба внимателно да размисли за својот став во однос на Крим, изјави активниот шеф на бугарската држава Росен Плевнелиев.

„Кога продолжуваме да тврдиме дека де јуре Крим е дел од Украина, а де факто руски, затоа што таму е истакнато руското знаме и за иднината на Крим треба да се прашаат неговите жители, тогаш таа теза не ја споделува ниту еден европски лидер“, ги цитира зборовите на Плевнелиев агенцијата „Новините“.

Тој исто така го предупредува Радев дека „секоја негова одлука или позиција по секое прашање автоматски ќе стане државна позиција на Бугарија кога тој ќе стапи на функцијата претседател на земјата“.

Мандатот на Плевнелиев завршува на 21 јануари. На 22 јануари функцијата претседател на Бугарија ќе ја преземе Румен Радев, пишува РТ на руски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња