„Не, не ги смета“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали Кремљ ги смета последиците од одлуката за признавањето на пасошите за премногу негативни и дали е дојдено време за укинување на мерката, пренесува „Взгљад“.
Тој истакна дека мерката била принудна и дека Русија со донесувањето на одлуката се раководела од хуманитарни причини.
„Тоа, како се развива, на наша жал, ситуацијата, засега ја покажува правдината на одлуките кои беа донесени во таа насока“, изјави Песков.
Тој додаде дека Украина „одлучно и континуирано ги отфрла од себе своите региони“, со самото тоа милиони Украинци се принудени да живеат без социјална, медицинска, правна, документарна и банкарска сигурност.
„(Тоа) претставува доволно невидена ситуација кога, всушност, самата земја ги отфрла од себе регионите“, додаде Песков.
Тој потенцираше дека Украина самата свесно „го поткопува својот територијален интегритет“, но на милиони нејзини граѓани треба да им се помага, што во наведениот случај Русија и го прави.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче