Аташето за трговско-економски прашања на амбасадата на Авганистан во Москва Мохамад Касем ги наброја за „Известија“ објектите кои имаат потреба од руска помош.
„Многу објекти во Авганистан беа градени од советски стручњаци и можат да бидат обновени од Русија“, изјави тој, набројувајќи ги тунелот „Саланг“, комбинатот за производство на леб и бели печива во Кабул, политехничкиот универзитет, авторемонтниот завод „Џангалак“, како и електростаницата во градот Пули Хумри.
Според него, овие прашања веќе биле дискутирани со руската страна. Касем потенцира дека Авганистан силно сака руските компании да работат во таа земја. Тој истакна дека претседателот на Авганистан Ашраф Гани го поддржува зголемувањето на руското економско присуство, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче