Захарова ја обвинува Канада за поддршка на крвопролевањето во Донбас

Руската страна има докази дека Канада ѝ испорачала на украинската армија муниција која потоа може да се најде во зоната на конфликтот во Донбас, изјави портпаролот на МНР на РФ Марија Захарова.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова изрази загриженост поради одлуката на Канада да го продолжи престојот на својата воена мисија во Украина, пренесува „Газета.ру“.

Таа изјави дека руската страна има докази дека Канада ѝ испорачала на украинската армија муниција која потоа може да се најде во зоната на конфликтот во Донбас.

„Канадските инструктори работат на украинските полигони, може да се каже, ги обучуваат украинските војници за праќање во Донбас“, рече Захарова.

Таа истакна дека Москва смета дека „одлуките и ваквите потези“ на Отава се „исклучително опасни“.

„Тие го реметат политичкото регулирање на судирот кој продолжува по вина на киевските власти. Покрај тоа, според податоците со кои располагаме, ова прашање не завршува со инструкторите: Канаѓаните почнаа на вооружените сили на Украина да им испорачуваат муниција која, без сомнение, ќе заврши во зоната на конфликтот. Наместо да врши притисок врз Киев со цел да го натера да ги исполни во целост своите обврски во согласност со „Минската спогодба“, Отава отворено ги поддржува приврзаниците на военото решение за ситуацијата во Донбас, а исто така придонесува и за продолжување на крвопролевањето. Канада треба да сфати дека последиците од таквата политика и таквите потези ќе бидат на нивната совест“, рече Захарова. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња