Кремљ со коментар за обидите на САД да го „прислушуваат“ Путин

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги коментираше информациите за обидите на САД да го „прислушуваат“ претседателот на Русија Владимир Путин.

„Заедно со целата меѓународна заедница се разбира дека обрнавме внимание на тие објавени податоци. Се разбира, тие заслужуваат внимание и треба внимателно да се читаат“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето за објавените податоци од „Викиликс“.

Притоа тој истакна дека „Вашингтон, всушност, и не крие дека активно ги прислушува руските официјални лица“.

„Тие и нашиот амбасадор Кисљак (го прислушуваат) и така натаму. Никој и не го крие тоа. Затоа тука може и да не се отвора „Викиликс“, може да ви текне“, додаде Песков, пренесува RT.

На 7 март „Викиликс“ почна да објавува податоци на ЦИА под шифрата „Сеф 7“ (Vault 7).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња