Пентагон ја обвинува Русија за кршење на Договорот за РСМД

Русија намерно распоредува крстосувачки ракети, изјави заменик-началникот на Здружениот комитет на началниците на генералштабовите на ВС САД генерал Пол Селва.

Русија распоредува крстосувачки ракети со копнено базирање, со што ги нарушува „духот и целите“ на Договорот за ракетите со среден и мал дострел и претставува закана за НАТО. Ова, како што соопштува „Ројтерс“, го изјави во средата заменик-претседателот на Здружениот комитет на началниците на штабовите на Вооружените сили на САД Пол Селва.

„Тој систем самиот по себе носи закана за мнозинството наши објекти во Европа и ние сметаме дека Русија свесно го распореди за да им се заканува на НАТО и на објектите во зоната на одговорност на НАТО“, изјави генералот, говорејќи на расправата во сенатскиот комитет за вооружени  сили на САД.

Вашингтон го покрена наведеното прашање во текот на дискусиите со Москва, додаде Селва, без да се впушта во детали и без да прецизира дали преговорите вродиле со плод, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.