Државјанка на Русија, за која се претпоставува дека била поврзана со Мевлут Алтинташ, убиецот на рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов, е уапсена во Анкара, соопшти весникот „Хуриет“ повикувајќи се на извор во органите на редот и мирот.
Уапсената Русинка се вика Екатерина, има 33 година, а истрагата се сомнева дека таа одржувала телефонски контакти со Алтинташ до крајот на ноември, а исто така комуницирала со него и преку сервисот за пораки „Ватс Ап“ (WhatsApp).
Новинарите исто така тврдат дека Русинката е вмешана во организирање интимни услуги во хотели со пет ѕвезди во Анкара.
Амбасадата на Русија во Анкара не можеше да даде коментар за РИА „Новости“ во врска со апсењето на осомничената.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче