Јилдирим изјави дека „работата во Манбиџ се одвива добро“, но нема смисла да се спроведува операција без координација со Русија и САД. „Инаку ситуацијата може да се влоши. Преговорите продолжуваат“, изјави тој, пренесува „Взгљад“.
Претходно Јилдирим изјави дека Анкара не е против сириската армија да воспостави контрола над Манбиџ, затоа што сириската земја треба да им припаѓа на Сиријците. Според договорот од 3 март на територијата што ја заземаат курдските одреди на самоодбраната, влегуваат единици на Вооружените сили на Сирија.
Претходно Турција соопшти дека планира да ја заврши операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија по заземањето на Манбиџ.
Во исто време Рускиот центар за помирување веќе го испрати првиот хуманитарен конвој со храна и лекови во Манбиџ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче