Песков: Русија и без САД постигнува резултати

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Русија и САД засега немаат некакви суштински контакти за Сирија. Според него, Русија дава свој придонес во борбата со тероризмот и без да чека преговори.

„Никакви суштински контакти немало... на ниво на шефови на дипломатски мисии, имено, на амбасадори, САД присуствуваа на серијата преговори во Астана. Некакви други суштински контакти сѐ уште нема, и како што нема никаков напредок на планот на соработката, на вистинска соработка во однос на борбата против тероризмот, што предизвикува жалење, но од друга страна, пак, се објаснува со почетната фаза“, изјави Песков.

Покрај тоа, портпаролот истакна дека Русија води активна борба против тероризмот.

„Руските ВКС учествуваат во операцијата за поддршка на сириската војска. Од последните видливи резултати е ослободувањето на Палмира, според тоа, без да чека да почнат тие преговори, Русија континуирано работи во борбата против тероризмот и постигнува резултати. Покрај тоа, Русија активно учествува во процесот на сириското регулирање“, додаде тој, пренесува RT.

Претходно министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу го информираше претседателот Владимир Путин дека Вооружените сили на Сирија со поддршка од ВКС Русија го завршиле ослободувањето на Палмира.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња