МО РФ демантира воздушни напади врз сириската опозиција

Руската и сириската авијација немаат извршено ниту еден напад врз реоните во Сирија кои беа наведени од САД, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Како што истакнаа од министерството, на 28 февруари е одржан разговор меѓу рускиот претставник на командата на групата на ВКС РФ во авиобазата Хмејмим со неговиот американски колега во авиобазата во Ел Удејде во Катар.

Претставникот на ВВ САД изразил загриженост што сириските и руските авиони при извршување на своите борбени задачи против терористите јужно од градот Манбиџ можат да нанесат ненамерен удар врз вооружените формации под контрола на САД.

„Со цел да се избегнат какви било инциденти, американскиот претставник му ги соопшти на рускиот офицер точните координати во наведеното подрачје каде се лоцирани борците на опозициските сили поддржувани од САД“, се вели во соопштението.

Како што потенцира МО РФ, таа информација била земена предвид од страна на руската команда, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња