Чевик исто така изјави дека Турција заедно со Русија вложува напори за понатамошно зацврстување на режимот на прекин на огнот на целата територија на Сирија.
„Почнавме од малите реони, воспоставувајќи таму режим на прекин на огнот, сега тој станува постојан. Тоа е успех на Анкара и Москва“, изјави Чевик, пренесува „Взгљад“.
Според него,сириското решение ќе биде една од главните теми на разговор меѓу Ердоган и Путин во текот на посетата на турскиот претседател на Москва на почетокот на март.
Чевик исто така изјави дека Анкара сака да соработува со Вашингтон за Сирија, но САД треба да престанат да ја поддржуваат Работничката партија на Курдистан. Советникот на Ердоган исто така изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп може да им биде партнер на лидерите на Русија и на Турција, доколку ја сфати важноста на контактите на Москва и Анкара.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче