Медиуми: Германските тенкови во Литванија се „заплашување“ на Русија

Медиумите во Германија и Австрија пишуваат за префрлувањето на тенковите на Министерството за одбрана на Германија како за мисија за „заплашување“ на Русија.

Во петокот во Литванија пристигнаа неколку десетици единици германска воена техника, меѓу другото и 20 оклопни транспортери „Мардер“ и 6 тенкови „Леопард 2“ кои ќе бидат распоредени на сто километри од руско-литванската граница. Во Литванија ќе има и 450 германски војници.

„Зголемувањето на германските сили, на тој начин, е завршено, наредната недела може да пристапиме кон воени вежби“, коментира претставникот на Бундесверот Торстен Штефан, пренесува „Штерн“.

„На тој начин НАТО има намера да го зајакне источното крило и да ја заплаши Русија“, пишува изданието.

Значењето на овој настан беше истакнато и во австриските медиуми. „Во петокот се случи историско преместување на војска. Првпат по Втората светска војна германски тенкови се префрлени на руската граница“, наведува порталот oe24.at

Колумнистот на „Шпигел“ Јакоб Аугуштајн, од своја страна, изразува загриженост поради обидите за таквото „заплашување“ и обнова на вокабуларот од времето на студената војна.

„Зарем лудилото на студената војна се враќа? Дали наскоро ќе мислиме во рамките на „заемно гарантирано уништување“, пишува новинарот.

Бундесверот во Прибалтикот има намера да ја „заплашува“ Русија, германските власти имаат намера да ги зголемат трошоците за одбрана, а популарните медиуми веќе го поставуваат прашањето дали Германија ќе добие своја атомска бомба.

„Се подготвуваме да вложиме милијарди во оружје, чија единствена цел е наше самоубиство. Подобро да размислиме зошто Советскиот Сојуз не го зазеде Западен Берлин. Едноставно тој не го сакаше тоа“, истакнува Аугуштајн, пренесува РИА „Новости“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња