Советник на Ердоган: сојузот со РФ не е алтернатива на односите со НАТО

Соработката со Русија ќе помогне во иднина да се стабилизира ситуацијата на Блискиот Исток, смета советникот на турскиот претседател Илнур Чевик.

Тесната соработка меѓу Москва и Анкара не е алтернатива на односите на Турција со НАТО, изјави Илнур Чевик, советник на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во интервју за телевизијата RT.

„За нас Русија е многу скапоцен и важен сојузник... Нашиот дијалог со Русија не претставува алтернатива на нашата соработка со Западот и со НАТО“, потенцира тој.

Според Чевик, развојот на сојузничките односи меѓу Турција и Русија, а исто така и со Израел, ќе овозможи во иднина „да се доведат во ред меѓународните односи на Блискиот Исток, кој се наоѓа во хаотична, збркана состојба“.

„Ние сакаме да ги развиваме односите со Русија. Соработката меѓу Турција и Русија, соработката на Турција и Израел се многу важни за иднината на Блискиот Исток“, додаде советникот на претседателот.

Претходно беше соопштено дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во рамките на неговата посета на Русија во март има намера да разговара за текот на нормализацијата на односите меѓу земјите, укинување на важечките трговски санкции, решението за Сирија и прашања за борбата против тероризмот, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.