На тажниот настан присуствуваа околу 100 луѓе – персоналот на руската мисија, постојаните претставници на земјите-членки на ООН и генералниот секретар на ООН.
Проштална реч говореа вдовицата на Чуркин Ирина и неговиот син Максим, рускиот амбасадор во Вашингтон Сергеј Кисљак, замениците на рускиот постојан претставник Петар Илјичев и Владимир Сафронков, генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, како и постојаните претставници на САД Ники Хејли, на Колумбија Марија Ема Велез и на Казахстан Кајрат Умаров.
Гутереш го истакна „неспорниот авторитет“ на Чуркин во Советот за безбедност на Обединетите нации и почитта што ја уживаше меѓу неговите колеги. Хејли, пак, изрази жалење поради тоа што не успеала подолго да работи со дипломатот. Притоа таа додаде дека за време на личната средба Чуркин „не можеше да не ми се допадне“. Според неа, смртта на дипломат е загуба не само за Русија, туку и за ООН, пренесува „Лента.ру“.
Ковчегот со телото на Чуркин ќе биде испратен во Русија во средата навечер. Траурната манифестација во Москва е закажана за 24 февруари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче