„Претставниците на литванските кина се откажаа од прикажување на филмот „Заштитници“. Како причина се наведува содржината на филмот во кој се демонстрира „преголемата сила на руската армија, нејзината агресивна воена техника“, се вели во соопштението на компанијата, пренесува „Рубалтик.ру“.
Без оглед на тоа, во Латвија и Естонија премиерата на филмот ќе се одржи на денот на неговата руска премиера – 23 февруари.
„Заштитници“ е таканаречениот руски одговор на американските филмови направени врз база на стрипови. Во филмот се раскажува за група суперхерои кои се собрани од различни краишта на СССР во ерата на студената војна. Натчовечките способности на секој од хероите ги одразуваат квалитетите и традициите на народите на Советскиот Сојуз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче