На чело на петте најголеми извозници на оружје се наоѓаат САД со удел од 33% на пазарот на глобален извоз на оружје. Купувачи на американското оружје се Саудиска Арабија, (13%), Обединетите Арапски Емирати (8,7%) и Турција (6,3%). Притоа Вашингтон успеа да го зголеми последниве пет години извозот на оружје за 21%, испорачувајќи оружје во најмалку 100 држави, пренесува „Взгљад“.
Русија со 23% од светскиот извоз го зазема второто место. Главни купувачи на руско оружје се Индија (38%), Виетнам (11%) и Кина (11%). Од 2012 до 2016 година Русија продала оружје во 50 земји.
Кина го зазема третото место на списокот со удел од 6,2% во светскиот извоз. Понатаму следат Франција (6%) и Германија (5,6%).
СИПРИ исто така соопштува дека во споредба со претходниот период од пет години, испораките на оружје во светот се зголемиле за 8,4%, што претставува најголем показател од 1990 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче