Извор: AP
Влеговме во сезона на објавување на овогодинешните добитници на Нобеловата награда, во повеќе научни, уметнички и општествени области. По обичај, наградата за мир е онаа која вообичаено привлекува најголем јавен интерес, но и најмногу контроверзи. Зошто е тоа така? Дали затоа што обичниот човек, од која да е земја, сѐ помалку чита литературни дела (кога станува збор за наградата за луитература), или сѐ потешко ги разбира високософистицираните достигнувања на оние од областа на хемијата, физиката, медицината? Мирот е очигледно она што најлесно се детектира како нешто што е пожелно, а го нема - не само во одделни (критични) делови на светот, туку и сфатен како глобално добро. Интересно, малкумина воопшто и се интересираат за постигнувањата на полето на економијата, иако нејзината реална доминација и моќ врз меѓународните и општествените односи е огромна, ако не и пресудна. Се разбира, кога велам економија, помалку мислам на научната област, а повеќе на она што се наметнува како универзален, се присутен и незаменлив турбо-капитализам, кој не познава ни граници, ни држави, па ни човечки животи.
„
Европската унија доби награда која можеби ја заслужуваше во почетните децении на своето создавање како облик на функционално помирување на некогашните непријатели и креирање на т.н. зона на мирот во Европа - но, никако во време на длабока криза во која таа ги изневери дури и очекувањата на сопствените граѓани (за благосостојба и ненасилни политики против малцинствата, сиромашните, младите), при истовремен воен ангажман од Либија до Мали.
Тукушто ја слушнавме веста за овогодинешниот Нобеловец за мир, а веќе се лицитира со бројните имиња и можните кандидати за иден носител, за следната 2014 година. Некои од големите медиуми веќе ја отвораат можноста за „гласање“ од страна на нивните читатели. За момент само да се осврнам на добитникот за 2013 година - Организацијата за забрана на хемиското оружје. Нема да бидам првата кога со висока доза на цинизам ќе ја оценам и оваа одлука на Нобеловиот комитет, кој речиси непогрешливо секоја година се подбива со автентичната волја и тестаментот на Алфред Нобел. Да не одам далеку и да вадам примери од долгата листа на носители, доволно е да ги посочам неколкуте од последните години за да се забележи длабоката политизација на целата приказна. Претседателот Обама доби награда за (длабоко изневерени) ветувања дека ќе донесе мир меѓу нациите - за жал, тој немаше доблест да ја одбие наградата за дело што не ни почнал да го создава, а подоцна зафатен со други воени авантури (како и со домашните битки) сето она на што Нобеловата награда го обврзуваше, и го заборави. Европската унија доби награда која можеби ја заслужуваше во почетните децении на своето создавање како облик на функционално помирување на некогашните непријатели и креирање на т.н. зона на мирот во Европа - но, никако во време на длабока криза во која таа ги изневери дури и очекувањата на сопствените граѓани (за благосостојба и ненасилни политики против малцинствата, сиромашните, младите), при истовремен воен ангажман од Либија до Мали. Повремено, меѓу добитниците ќе се најдеа и „обични“ активисти, т.е. поединци кои се истакнале во борба против авторитарни режими (како такви етикетирани од развиениот Запад), или носители на движења за демократија („Арапската пролет“, на пример), или дисиденти кои требаше да докажат дека некоја голема сила треба да биде посрамена. Кога станува збор за овие луѓе, веројатно со својот личен ангажман се истакнале во мерка во која заслужуваат респект, но - има едно големо „но“. Тоа е лесно читливо кај оние кои знаат што пишува во тестаментот на Алфред Нобел. Опонентите тврдат дека времињата се измениле и дека тоа што Нобел сакал да го постигне со промоцијата на мирот и братството меѓу народите денес, базично, постои, но дека треба да се наградуваат лица кои се истакнале со личната храброст и/или ангажман во битка за човеквои права.
„
Меѓу предложените за наградата во 2014 година се наоѓа и претседателот на Русија, Владимир Путин. Се чини дека поводот беше онаа блескава „колумна“, т.е. обраќање до американската и светската јавност со текст во Њујорк тајмс, а која не беше само аргументиран и политички супериорен одговор на неодговорната политика на Обама-Нобеловецот спрема Сирија, туку може да се каже дека буквално спречи уште една воена авантура на „американската исклучивост“ да води „праведни војни“ за сопствени стратегиски (национални?) цели.
Овогодишниот добитник е меѓународна организација за која малкумина (надвор од експертската јавност) воопшто и слушнале дека постои. Наградата може да се спореди со онаа доделена на Меѓународната агенција за атомска енергија. Во двата примера лежи огромна доза на хипокризија: ако некој организирано и посветено се бори за забрана на хемиско (или нуклеарно) оружје, неговата заслуга не треба да се бара во една тековна операција (уништувањето на хемиското оружје во Сирија) - туку во универзална забрана за производство и трговија со хемиско оружје. А производството и трговијата не се никако поврзани со земји како Сирија, или Ирак - туку со демократските земји на развиенот Запад. Кога станува збор за атомската енергија, примената на двојни стандарди е повеќе од видлива: сите докажани нуклеарни сили се сметаат за „добрите момци“, иако оваа енергија ја користат и за воени цели (детерент) и за мирнодопски. Оние од „оската на злото“ (според терминологијата на претходниот претседател на САД) го губат правото да развиваат нуклеарни потенцијали и за мирновремени цел.
„
За крај, да појаснам: јас одамна ниту очекувам нешто добро, паметно и морално од Нобеловиот комитет, ниту мислам дека таа награда има некаква тежина на совест на човештвото и морална вертикала. Станува збор за многу пари и уште повеќе навивачка политика. Кога би можел, стариот Нобел, сигурно би се превртувал во својот гроб - што заради искористувањето на неговите пари за пропагандни цели и политика на двојни аршини, што заради начинот на користење на неговиот главен изум.
Меѓу предложените за наградата во 2014 година се наоѓа и претседателот на Русија, Владимир Путин. Се чини дека поводот беше онаа блескава „колумна“, т.е. обраќање до американската и светската јавност со текст во Њујорк тајмс, а која не беше само аргументиран и политички супериорен одговор на неодговорната политика на Обама-Нобеловецот спрема Сирија, туку може да се каже дека буквално спречи уште една воена авантура на „американската исклучивост“ да води „праведни војни“ за сопствени стратегиски (национални?) цели. Западните аналитичари, па дури и некои од инаку критички настроените спрема воинствената политика на Западот, изреагираа на толку предвидлив начин: Путин е автократ, во Русија се кршат човековите права (особено на ЛГБТ популацијата) - тој не смее да биде Нобеловец за мир! И самата, како интелектуалка, би можела да изречам низа забелешки за начинот на водење на внатрешната политика на рускиот претседател или за очебијното возобновување на (доскоро на коленици паднатиот) воено-безбедносен комплекс, што наведува на помисла за враќање на биполаризмот во меѓународните односи. Но, ако некому не му беше срам да доделува награда на претседател на светскиот (воен) хегемон, тогаш не гледам зошто би било скандалозно оваа награда да му се додели на Путин? Ако ништо друго, тој реално (барем засега) спречува отворање на уште едно воено жариште - во Сирија. Притоа, ова го прави во свет во кој владее неказнивост на западните политички и воени лидери за грозоморни злосторства од Гвантанамо - до Авганистан! При очи ширум затворени, некого го фаќа ужас од помислата дека Путин би можел да биде кандидиран за мировна награда (велам, кандидиран бидејќи е апсолутно извесно дека повеќе од тоа нема да може да постигне). Во своевидната јавна обложувалница, судејќи според рекламата која се прави за малечката Пакистанка, Малала, која храбро им се спротивставила на Талибанците, наредната награда ќе оди за личен чин на сосема млада девојка која ќе биде (зло)употребена во пропагандни цели, додека во нејзината земја од беспилотни летала секојдневно умираат десетити и десетици старци, жени и деца. Таков е светот во кој Орвел е пророк: мирот е војна, војната е мир.
За крај, да појаснам: јас одамна ниту очекувам нешто добро, паметно и морално од Нобеловиот комитет, ниту мислам дека таа награда има некаква тежина на совест на човештвото и морална вертикала. Станува збор за многу пари и уште повеќе навивачка политика. Кога би можел, стариот Нобел, сигурно би се превртувал во својот гроб - што заради искористувањето на неговите пари за пропагандни цели и политика на двојни аршини, што заради начинот на користење на неговиот главен изум. Во светот заснован на глобална превара, кажувањето на вистината е навистина револуционерен чин. Кога би постоела алтернативна награда за мир, која би имала значење, јас би им ја доделила на Менинг, Асанж и Сноуден. И да потсетам, Сноуден сепак најде засолниште во Русија, а Путин не го испорача во САД каде ќе ја доживееше судбината на Елсберг или Менинг. Затоа, на веста дека Путин е номиниран за Нобелова награда за мир, јас велам: а зошто не?
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче