Како што соопшти претседателот на изборната комисија Хуан Пабло Поцо, по обработката на 51,8% од гласачките ливчиња Морено има 38,26% од гласовите. Него го следи претставникот на движењето КРЕО-СУМА Гиљермо Ласо со 29,86%, пренесува „Взгљад“.
За да победи во првиот круг, кандидатот мора да добие повеќе од 50% од гласовите, или 40%, но разликата меѓу него и противникот треба да биде 10%. На тој начин, во Еквадор ќе се одржи втор круг избори, за кој се очекува да биде на 2 април.
Ленин Волтер Морено Гарсес е адвокат и политичар. Заменик-претседател на Еквадор од 2007-2013. Од 2013 година е специјален пратеник на Генералниот секретар на ООН за попреченост и пристапност.
Необичното име го добил од татка си кој ја идеализирал руската револуција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче