Матис убеден дека Русија се мешала во избори во странство

Според шефот на Пентагон Џејмс Матис, САД се подготвени да соработуваат со Русија на политички план, но за воена соработка Русија мора да покаже дека може да ѝ се верува.

Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис изјави дека не се сомнева во вмешаноста на Русија во избори во странство.

„Сега можам да кажам дека имам малку сомневања во врска со тоа дека Русија се мешала или се обидувала да се вмеша во изборниот процес на низа демократски држави“, изјави Матис на прес-конференцијата во четвртокот по завршувањето на министерската средба на НАТО во Брисел.

Матис исто така изјави дека САД сметаат дека е неопходно да се воспостави политичка соработка со Русија. „Ние би сакале да соработуваме со Русија политички, но засега не би сакале да соработуваме со неа на воен план“, изјави тој.

„Најпрвин Русија треба да докаже дека може да ѝ се верува и да ги одржува ветувањата дадени на НАТО“, истакна тој.

„Не можам да кажам дека сме во моментов во позиција да соработуваме на воено ниво, но нашите сојузници продолжуваат да водат разговор и се обидуваат да најдат компромис и како да дојдат до тоа Русија да почне да ги исполнува своите обврски и да ѝ се врати на својата соработка со НАТО“, додаде Матис, пренесува „Интерфакс“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња