Абе разговараше со Трамп за санкциите против Русија

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ја призна потребата за дијалог меѓу рускиот и американскиот лидер за решавање на проблемите со Сирија, Иран и Украина.

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе во текот на неговата посета на САД дискутираше со претседателот Доналд Трамп за прашањето за антируските санкции. Ова јапонскиот премиер го изјави за телевизијата НХК.

„Разгледавме различни прашања, вклучувајќи ги и санкциите“, изјави тој без да навлегува во детали.

Според него, проблемите со Сирија, Иран и Украина не можат да се решат без директен дијалог меѓу претседателите на Русија и САД Владимир Путн и Доналд Трамп.

„Истовремено (во текот на разговорите со претседателот на САД во Вашингтон ги дискутиравме) проблемот со Сирија, проблемот со Иран, проблемот со Украина. Тие проблеми нема да се решат доколку претседателот Путин и претседателот Трамп немаат директен разговор. Нели е така?“, изјави Абе, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња