Асад очекува соработката меѓу Русија и Сирија позитивно да влијае на Сирија

Претседателот на Сирија Башар Асад се надева дека соработката меѓу Русија и Сирија да влијае позитивно и на неговата земја.

Соработката меѓу Москва и Вашингтон може да одигра позитивна улога за целиот свет, вклучувајќи ја и Сирија, изјави претседателот на Сирија Башар Асад во интервју за белгиски новинари.

„Засега е рано да се претпоставува било што, работата е поврзана со соработката меѓу САД и Русија. Ние претпоставуваме дека тоа е позитивно за целиот свет, вклучувајќи ја и Сирија“, изјави Асад.

Одговарајќи на прашањето за односот на Дамаск кон новата администрација на САД, Асад истакна дека сириското раководство ги слушало изјавите на Доналд Трамп за примарната задача за борба против тероризмот.

„Сметаме дека тоа е надежно, но сѐ уште е рано да се претпоставува било што во реалноста“, потенцира Асад, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња