По средбата со државниот секретар на САД Рекс Тилерсон и потпретседателот Мајк Пенс во Вашингтон, Габриел изјави дека тој дискутирал со нив за прашањето на односите со Русија. Според шефот на германската дипломатија, на средбите тој инсистирал дека санкциите на ЕУ може да бидат укинати само во случај на напредок во решавањето на конфликтот во Донбас.
„Никој не рече ништо против“, тврди Габриел.
Министерот призна дека меѓу него и американската администрација постојат одредени разлики по прашањата на миграцијата, развојните процеси во ЕУ, конфликтот во Украина и односите со Русија. Сепак, Габриел уверува дека во текот на средбите тие разлики не дошле до израз.
„Јас сум многу задоволен што имавме заедничко разбирање за широк спектар на прашања“, изјави шефот на германската дипломатија, пренесува порталот „Шариј.нет“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче