Новиот шеф на МНР Германија ги наведе условите за укинување на санкциите

Новиот министер за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел изјави дека санкциите против Русија не можат да бидат укинати сѐ додека нема резултат од реализацијата на „Минската спогодба“.

„Германија и Франција имаат јасен став за санкциите... Ние сакаме реализација на „Минската спогодба“ и тоа е единствениот услов според под кој санкциите можат да бидат укинати“, изјави Габриел по средбата со министерот за надворешни работи на Франција Жан-Марк Еро, пренесува „Взгљад“.

Оваа позиција ја потврди и Еро, кој истакна дека е потребно „долготрајно решение“ за ситуацијата во Украина. Тој повика што е можно поскоро да се имплементира „Минската спогодба“ при „плоден и конструктивен дијалог со Русија“. Според Еро, дијалогот треба да биде „во исто време цврст и отворен“, но во него е потребно да се избегне логиката на Студената војна.

Габриел, пак, истакна дека Париз и Берлин имаат исто мислење за голем број прашања. Според него, веќе има договор за воспоставување на билатерални работни групи на ниво на политички директори за прашања поврзани со Русија и Украина, како и за „трансатлантските односи, политиката на Блискиот Исток и иднината на Европа“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња