Унгарскиот премиер Виктор Орбан и Владимир Путин ги критикуваа санкциите кои ги воведе Западот против Русија, пишува „Фајненшл Тајмс“. Како што истакнува изданието, тоа беше демонстрација дека Будимпешта ги зајакнува врските со Москва како политички и трговски партнер.
„Западниот дел (на Европа) демонстрираше многу антируска позиција и политика - во оваа сложена атмосфера, ние мораме да ја браниме нашата политика“, ја цитира изјавата на Орбан „Фајненшел Тајмс“, дадена на заедничката прес-конференција со Владимир Путин во Будимпешта во четвртокот.
„Неекономски проблеми не може да се решат со економски средства“, додаде тој. „Сите ќе загубат од таквите одлуки“.
Рускиот претседател, од своја страна, изјави дека Унгарија е „важен и сигурен партнер“ на Русија.
Двајцата лидери го изразија своето незадоволство од режимот на санкции на ЕУ насочен против Русија, истакнувајќи дека Русија и Унгарија изгубиле милијарди во рамките на билатералната трговија.
„Намерата на Путин се состои во „свеченото носење на знамето“, ја коментира поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија Геза Есенски. „Тој сака да им покаже на НАТО и на ЕУ дека има добар, доверлив пријател, тројански коњ во Алијансата“.
Џуди Демпси, соработник на „Карнеги Европа“ (Carnegie Europe), изјави дека целта на средбата е да се испрати политичка порака до другите европски земји, укажувајќи на разликите меѓу земјите-членки на Европската унија по прашањето на односите со Русија.
"Путин може да им демонстрира на земјите на ЕУ – поточно на Германија - дека во некои европски престолнини му се радуваат“, потенцира Демпси.
Посетата на Путин на Будимпешта беше трета во последните три години средба со Виктор Орбан, се вели во статијата. Според „Фајненшел Тајмс“, напорите на рускиот претседател да го претвори унгарскиот премиер во свој партнер се наменети за зголемување на шансите на Москва за укинување на западните санкции, како и да ја поткопа сплотеноста на ЕУ и НАТО, со помош на „додворување“ на Унгарија, која се соочи со остри критики од страна на сојузниците поради нејзините нелиберални политички реформи, пренесува РТ на руски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче